Охридска банка, Сосиете Женерал Груп воведе нов потрошувачки кредит - кеш кредит без жиранти со денарска клаузула и каматна стапка од 10,8 проценти. Кредитите се одобруваат без учество, без депозит и без жиранти на период на отплата до 60 месеци и износ до 480.000 денари. Дополнително, клиентите добиваат можност за користење на кредит со максимално месечно оптоварување на плата до 50 проценти од износот на примањата. Административните трошоци изнесуваат од 0,9 насто од износот на кредитот, а провизијата за предвремена отплата изнесува 1 процент. Паралелно, на корисниците на Охридска банка им останува на располагање постојниот кеш кредит со девизна клаузула со каматна стапка од 8,48 проценти (СВТ од 9,69 проценти). Кредитот се одобрува без учество, без депозит и без жиранти за износ до 5.000 евра и рок на отплата до 36 месеци. За кредит на износ до 8.000 евра и рок на отплата до 84 месеци потребен е еден кредитоспособен жирант.
Охридска банка, Сосиете Женерал Груп воведе нов потрошувачки кредит - кеш кредит без жиранти со денарска клаузула и каматна стапка од 10,8 проценти.
Кредитите се одобруваат без учество, без депозит и без жиранти на период на отплата до 60 месеци и износ до 480.000 денари. Дополнително, клиентите добиваат можност за користење на кредит со максимално месечно оптоварување на плата до 50 проценти од износот на примањата. Административните трошоци изнесуваат од 0,9 насто од износот на кредитот, а провизијата за предвремена отплата изнесува 1 процент.
Паралелно, на корисниците на Охридска банка им останува на располагање постојниот кеш кредит со девизна клаузула со каматна стапка од 8,48 проценти (СВТ од 9,69 проценти). Кредитот се одобрува без учество, без депозит и без жиранти за износ до 5.000 евра и рок на отплата до 36 месеци. За кредит на износ до 8.000 евра и рок на отплата до 84 месеци потребен е еден кредитоспособен жирант. И за овој тип на потрошувачки кредит клиентите имаат можност за максимално месечно оптоварување на плата до 50 проценти. Административните трошоци изнесуваат 2,5 проценти од износот на кредитот, а провизијата за предвремена отплата 1 процент.